Мексиканците протестираат против насилството и ги поддржуваат силите за безбедност
Се проценува дека над 100 илјади луѓе загинале или биле убиени од 2007-та година во судирите на нарко-картелите...

Стотици Мексиканци излегоа на протест за поддршка на силите за безбедност во борбата против насилството. Се проценува дека над 100 илјади луѓе загинале или биле убиени од 2007-та година во судирите на нарко-картелите.
„Сакаме мир во Мексико. Не сакаме насилство, смрт, заложници и киднапирање. Сакаме да им оддадеме признание на тие што се борат за мирот во Мексико“, изјави Хосе Антонио Ортега, Совет за републиканска безбедност и правда.
Мексико се подготвува за делумни избори наредната недела, среде повиците за бојкот поради насилствата и неспособноста на политичките партии да ја стават ситуацијата под контрола и корупцијата во редовите на самата полиција, поради што во акциите против нарко-картелите мораше да биде вклучена и мексиканската војска.
