Стапува на сила договорот за стабилизација и асоцијација меѓу БиХ и ЕУ

01.06.2015 12:39

Советот на Европската унија за општи работи на 21 април донесе одлука за склучување на тој договор со БиХ кој беше парафиран во 2008 година...

Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Босна и Херцеговина и Европската унија денеска стапува на сила со цел подготовка на државата за членство во Унијата.

Советот на Европската унија за општи работи на 21 април донесе одлука за склучување на тој договор со БиХ кој беше парафиран во 2008 година. Тогаш почна подготовка само на трговскиот дел од договорот, но не и политичкиот.

Со стапување на сила на договорот, од денеска на државата и се потврдува статус потенцијален кандидат за членство во ЕУ.