Чешка без единствен став за воведување на еврото

01.06.2015 12:48

Премиерот Соботка го отфрла предлогот сметајќи дека Чесите еднаш веќе гласале на референдум за влез во ЕУ, кој соддржи и обврска за прифаќање на еврото како платежно средство...

Чешкиот политичкиот врв нема единствен став за што побрзо воведување на еврото. Министерот за финансии смета дека граѓаните не се доволно информирани за тоа што носи воведувањето на еврото и поддржува оддржување необврзувачки референдум во 2017 година, заедно со парламентарните избори.

Премиерот Соботка го отфрла предлогот сметајќи дека Чесите еднаш веќе гласале на референдум за влез во ЕУ, кој соддржи и обврска за прифаќање на еврото како платежно средство.

Тој го реафирмира својот став дека поддржува воведување на европската валута, но во иднина. Актуелниот гувернер на Централната банка, Сингер не е за брзо прифаќање на еврото поради ситуацијата во грција и опасноста од појава на економски застој и покрај тоа што во моментот Чешка ги исполнува условите.

Опозициските партии, исто така, се подделени по однос на оддржувањето на референдум.