Герилците од ФАРК уништија далновод, без струја се 400.000 колумбијци
01.06.2015 13:58
ФАРК и колумбиската влада од крајот на 2012 година преговараат за прекин на судирите...

Герилци од ФАРК уништија далновод близу до колумбискиот град Буенавентура, поради што без струја останаа 400 илјади луѓе. Тамошното пристаниште е најголемо во земјата и од него се одвива главнината од меѓународната трговија.
ФАРК и колумбиската влада од крајот на 2012 година преговараат за прекин на судирите во кои од 1964-тата загинаа над 200.000 луѓе, а над 6 милиони беа раселени.
