Пролетно чистење на општина Бутел

01.06.2015 15:19

Ќе се чистат атмосферската и фекалната канализација. Ќе се направи преглед и на водоводната мрежа, а ќе се работи и на уредување на јавните зелени површини...

Град Скопје заедно со јавните градски претпријатија почна акција за пролетно чистење на Општина Бутел. Ќе се чистат атмосферската и фекалната канализација. Ќе се направи преглед и на водоводната мрежа, а ќе се работи и на уредување на јавните зелени површини.

„Годинава ќе биде извршена и реконструкција на асфалтот на улица „Ќемал Сефула", на потег од крстосницата со улица „Втора Македонска Бригада" до крстосницата со улица „Босна и Херцеговина", а секако ќе продолжат и активностите за реализација на проектот за пробивање на булеварот „Кристијан Тодоровски-Карпош“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски кажа дека годинава се одбележуваат 10 години од формирањето на оваа општина и дека преку одличната соработка со Градот Скопје и со јавните претпријатија, реализирани се голем број  проекти со кои се подобрени условите на живот на жителите на оваа општина.