„За повеќе детски насмевки“- одбележан Денот на згрижувачки семејства

01.06.2015 16:13

Под мотото „За повеќе детски насмевки“, светскиот Ден на згрижувачки семејства беше одбележан во Зоолошката градина со социјализација, дружење, цртање и музика за овие деца...

Низакет Реџепи секој ден готви, се грижи и воспитува четири деца. Две се нејзини, а две ги згрижила. Вели, дека децата ја заслужуваат сета љубов на овој свет. Ги чува и ги воспитува како свои. Вели, не е лесно, но треба трпение само така  може да постигнеш сѐ.

„Во животот децата се најбитни, тоа е идејата, да им се дава љубов и поддршка“, вели Низакет Реџепи, згрижувач.

Под мотото „За повеќе детски насмевки“, светскиот Ден на згрижувачки семејства беше одбележан во Зоолошката градина со социјализација, дружење, цртање и музика за овие деца.

„Убаво е да се дружиме и социјализираме, а секако има и активности од едукативен карактер, за здрави животни навики, хигиена, разговори со родителите, со психолог и социјален работник, но некогаш и конкретка помош како бесплатно летување за некои деца“, изјави Александра Валкановска-Црвен крст на РМ.

Во земјава во околу 200 згрижувачки семејства сместени се речиси 300 деца. Вршејќи хумана мисија, овие семејства, според надлежните ја подобруваат социјалната состојба и заштитата на децата без родители или родителска грижа.

 

Александра Перевска