Повисока социјална помош од денеска
Од денеска повисока социјална парична помош. Експертите велат-повеќе пари за овие категории луѓе ќе значи зголемување и на потрошувачката. Мерките се за пофалба бидејќи во повеќето европски земји не само што не расте социјалната помош, платите и пензиите, туку на сила се мерки за штедење како последица од економската и финансиска криза...

За 10 проценти се зголемува социјалната помош, а за 25 проценти поголем надоместок ќе земаат родителите на деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства. Поголем паричен надоместок ќе имаат и згрижувачките семејства. Мерките стапуваат на сила од денеска. Одлуката беше донесена пред три месеци, а главните заложби на властите беа наместо 5 проценти, зголемувањето на социјалната парична помош да биде 10 проценти. За згрижувачките семејства наместо за 10, зголемувањето расте за 25 отсто.
Од 2006 година наваму, Владата ја зголеми социјалната парична помош за 47 проценти, а постојаната за 46 насто. Социјалната помош во 2006-та изнесувала 2.900 денари, а за 1 месец ќе изнесува 4.700 денари.
Следното покачување на платите на административците е предвидено во октомври, а во континуитет растат пензиите. Од 2006 наваму тие се зголемени за 62 отсто, најниската за дури 76 проценти. Покрај зголемените пензии, пензионерите добија и други бенефиции- 25 илјади отидоа на бесплатана бања, а годинава ќе заминат уште 5 илјади пензионери.
Статистиката покажува дека платите на вработените во администрацијата се зголемени за повеќе од 27 проценти. Станува збор за покачување на платите кое се случуваше во неколку наврати изминатите години а последното покачување беше во октомври 2014 година кога последен пат се покачи платата за 4%.
Дополнително, според најавите на надлежните, платите во јавниот сектор ќе се зголемат за вкупно 21,5%, односно секоја година во октомври вработените во администрацијата да земаат плата покачена за по 5%.
Експертите сметаат дека со зголемувањето на платите и пензиите, дополнително ќе се раздвижи економијата, бидејќи тоа ќе претставува стимул за зголемување на потрошувачката. Мерката ја покажува силната грижа на државата за лицата од социјални категории.
Катерина Топалова
