Босна подготвена за доаѓањето на Папата
На самиот ден на посетата ќе бидат преземени специјални безбедности мерки за заштита на луѓето и државата. Папата ќе биде пречекан со песни и радост од најголемиот хор во историјата на Босна и Херцеговина во присуство на илјадници верници...

Сараево е подготвено за посетата на Папата Франциск на 6-ти јуни. Околу 50 илјади луѓе досега го пријавиле своето присуство на Светата Миса на стадионот Кошево, но се очекува дека тој број ќе достигне околу 70 или 80 илјади. Најголемиот број луѓе доаѓаат од Босна и Херцеговина и од Хрватска, но исто така ќе присуствуваат и католици од Австрија, Германија, Швајцарија, Македонија, Бугарија и Египет. На самиот ден на посетата ќе бидат преземени специјални безбедности мерки за заштита на луѓето и државата. Папата ќе биде пречекан со песни и радост од најголемиот хор во историјата на Босна и Херцеговина во присуство на илјадници верници.
„Огромна чест за секој црковен музичар да пее на мисата која ќе ја одржи Папата. Постои голем интерес и до сега имаме околу 1.700 луѓе коишто се пријавија да пеат во хорот“, вели католик од Сараево.
„Ова е моја земјата. Јас сум роден во Сараево. Некои луѓе ме прашуваат што правам овде. Ми велат дека не е моја и дека треба да си заминам. Моите родители се погребани до стадионот Кошево каде што светиот Отец ќе одржи миса. Ова е мој град, јас не можам да си заминам“, додава негов сограѓанин.
„Од она што можам да го видам до сега, тој е првиот човек во Ватикан којшто делува скромно“.
„Тој е многу добар човек. Тој шири мир и љубов и токму затоа неговата посета многу ми значи“, велат граѓаните.
Ова е трета посета на челник на Римската католичка црква во Босна којшто ќе пренесе порака за мир и ќе ја потенцира потребата за соживот во регионот. Папата Јован Павле Втори којшто уживаше исклучителна почит во светот за време на својот живот пренесе слична порака кога ја посети земјата во 1997 и 2003 година и кога ја бакна земјата и го благослови целиот народ.
Марина Автовска
