Што откриваат задолжителните превентивни прегледи ?
Наредниве две години матичните лекари ќе прават задолжителни превентивни прегледи за откривање на шеќерни, бубрежни и кардиоваскуларни заболувања на лица од 14 до 65 години. Тоа е една од обврските на матичните лекари во новите договори со Фондот за здравствено осигурување. Годинава мора да прегледаат 50% од своите пациенти на возраст од 14 до 65 години, а исто толку и наредната година.

Наредниве две години матичните лекари ќе прават задолжителни превентивни прегледи за откривање на шеќерни, бубрежни и кардиоваскуларни заболувања на лица од 14 до 65 години. Тоа е една од обврските на матичните лекари во новите договори со Фондот за здравствено осигурување. Годинава мора да прегледаат 50% од своите пациенти на возраст од 14 до 65 години, а исто толку и наредната година. Од успешноста зависи висината на нивната капитација, односно ќе се казнуваат со вкупно 20 насто помалку исплата на крајот од годината, односно по 5% помалку за нереализирани цели за откривање шеќераши и на бубрежно болни, 7% за кардиоваскуларни, и по1% за лошо информирање на пациентите.
-Лекарите освен обврската да ги реализираат овие цели сакаат сите податоци да се евидентираат ,вели претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова-Дервишова. Бројките ќе ни кажат дали треба да направиме нешто повеќе за превенирање на овие заболувања коишто носат и други системски заболувања и се причина за голема смртност и за трошоци на пациентите и на здравствениот систем,а за државата загуба на многу работни часови, дополнува Чолакова-Дервишова.
Идејата е добра, но матичните лекари за МТВ велат дека е тешко да се натераат пациентите да одат на лабораториски прегледи што дополнително ги плаќаат. Ако некој пациент не сака да соработува, односно не оди на натамошни иследувања или не се јавува на поканите за прегледи, тогаш целите тешко ќе се реализираат. Во тој случај не по своја вина лекарот ќе биде казнет со одземање пари од месечниот приход што му го исплаќа Фондот. Иако флексибилноста годинава е поголема , матичните лекари што деновиве имаат полни раце работа поради грипот и другите сезонски вирусни заболувања, се прашуваат како ќе ги прегледуваат условно здравите, кога дневно имаат по стотина пациенти во ординациите.
Соња Стојановска
