Заложничка драма на грчки патнички брод

02.06.2015 11:58

Инцидентот се случил кога бродот се приближувал кон пристаништето во Пиреја, кога напаѓачот ја грабнал жената која седела во централнот салон на пловилото, при што се искршена чаша се заканувал дека ќе ја убие...

Триесетгодишен маж држел жена како заложник на грчки патнички брод, којшто патувал од Крит кон Пиреја. Инцидентот се случил кога бродот се приближувал кон пристаништето во Пиреја, кога напаѓачот ја грабнал жената која седела во централнот салон на пловилото, при што се искршена чаша се заканувал дека ќе ја убие.

Причините за инцидентот не се познати, бидејќи човекот не изнел никакви барања. Според полцијата, мажот и жената не се познавале.

Напаѓачот набрзо бил совладан од членови на екипажот, кога бродот впловил во Пиреја, по што и бил предаден на полицијата.