Кина: Потона брод со повеќе од 450 патници
02.06.2015 12:01
За време на несреќата на него се наоѓале 406 патници, 5 работници на една туристичка агенција и 47 члена на екипажот...

Патнички брод со 458 патници потона во реката Јангце на југот од Кина. Досега се спасени 20 луѓе меѓу кои и капетанот. Спасувачката акција во која учествуваат 34 брода, е отежната поради лошите временски услови.
За време на несреќата на него се наоѓале 406 патници, 5 работници на една туристичка агенција и 47 члена на екипажот.
Кон местото изутрината се упатил и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој притоа повикал да се вложат сите сили за пронаоѓање и спасување на настраданите патници.
