Американската војска испратила антракс и во Канада
02.06.2015 12:03
Извори велат дека воената лабораторија ги проследила примероците бидејќи мислела дека се неактивни и дека можат да се искористат за истражување...

Американската воена лабораторија по грешка испратила примероци од жив антракс и во неколку лаборатории во Канада, откако претходно истото го стори и во неколку американски и странски лаборатории.
Извори велат дека воената лабораторија ги проследила примероците бидејќи мислела дека се неактивни и дека можат да се искористат за истражување.
Од Вашингтон минатата недела е соопштено дека е отворена истрага за испраќањето примероци жив антракс во 11 американски држави, Австралија и Јужна Кореја.
