Тајландски генерал обвинет за организирање трговија со деца

02.06.2015 12:47

Генералот е осомничен и за организирање трговија со деца под 15 години, кои биле продавани како робови во Малезија, но и во други држави од регионот...

На Тајланд е издаден налог за апсење на генерал мајорот Манас Конгпаен, поради организирање синџир за криумчарење на припадници на мјанмарското племе Рохингја и други емигранти од Јужна Азија.

Генералот е осомничен и за организирање трговија со деца под 15 години, кои биле продавани како робови во Малезија, но и во други држави од регионот. Тој бил откриен и поради енормно високите суми што до пред неколку дена легнувале на неговата банкарска сметка.

Тајланд, на чија иницијатива почнаа акциите за спасување на бегалците, во потрагите учествува со бродови и авиони, а им помагаат и авиони на военото воздухопловство од САД, стационирани во Малезија.