Евроквалификациски калкулации

02.06.2015 15:07

Иако во конкуренција се Македонија и Чешка и без оглед што Швајцарија е прикована на дното во групата и без шанси, сепак нашите следни противници со многу оптимизам ја очекуваат средбата со Македонија...

Со две победи против Швајцарија на гости на 10 јуни и со Чешка дома 4 дена подоцна, нашата најдобра ракометна репрезентација би требало да го обезбеди второто место во квалификациската група за европското првенство,но само под претпоставка првиот фаворит во групата ,селекцијата на Франција која веќе го обезбеди настапот во Полска да ја совлада репрезентацијата на Чешка.Исходот од натпреварот во Брно на 10-ти месецов ќе биде познат на 10-тина минути пред почетокот на дуелот меѓу Швајцарија и Македонија во Сент Гален,а со тоа и калкулациите за втората селекција што ќе  обезбеди  настап на европското.

Иако во конкуренција се Македонија и Чешка и без оглед што Швајцарија е прикована на дното во групата и без шанси, сепак нашите следни противници со многу оптимизам ја очекуваат средбата со Македонија. Не само затоа што е последна во сезоната пред нивните навивачи ,туку уште повеќе поради можноста да ги освојат првите бодови што за нив би значеле избегнување на место меѓу трите најлошорангирани репрезентации во квалификациите што во следниот циклус ќе мора да играат бараж претквалификации.

Со нов повик до навивачите да им ја дадат неопходната поддршка од Сент Гален пристигнуваат информации дека веќе се продадени 1000 билети или 1 четвртина од капацитетот на салата,но имајќи ги пред вид најавите дека и нашите иселеници со нетрпение го очекуваат гостувањето на македонија засега не се знае колку од билетите купиле нашите навивачи.Истакнувајќи ги квалитетите на македонската репрезентација предводена од како што се наведува еден од најдобрите левучари во светот Кирил Лазаров,од швајцарската федерација ги потенцираат и проблемите на селекторот Брак кој нема да може да смета на Свајлен,Фогел и Дешванден,но и дека по потресот на мозокот против Чешка, во селекцијата се враќа најдобриот поединец Шмид од Рајн-Некар.

Собирот на нашата селекција е на 8 јуни,следниот ден се патува во Сент Гален  на мечот со Швајцарија закажан за 10-ти јуни  во 20 часот со пренос на македонската телевизија.