Експлозија пред канцеларијата на грчки министер во центарот на Атина
Доцна синоќа во центарот на Атина пред канцеларијата на грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Михелакис експлодирала импровизирана бомба. Во инцидентот нема повредени, но е причинета материјална штета. Михелакис порача дека оние коишто се обидуваат да ја дестабилизираат земјата и да шират страв во општеството се осудени на пропаст, како и дека во земјата има институции коишто ќе се погрижат за тоа.
Доцна синоќа во центарот на Атина пред канцеларијата на грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Михелакис експлодирала импровизирана бомба. Во инцидентот нема повредени, но е причинета материјална штета. Михелакис порача дека оние коишто се обидуваат да ја дестабилизираат земјата и да шират страв во општеството се осудени на пропаст, како и дека во земјата има институции коишто ќе се погрижат за тоа. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
Во Египет во тек е вториот ден од гласањето на референдумот за новиот устав. Жителите на Египет се изјаснуваат за нов устав откако пред шест месеци војската го отстрани од власт исламистичкиот лидер Мухамед Морси.
„Ќе гласам ЗА, бидејќи Египет мора да биде спасен. И потоа ќе гласам Алсиси да биде новиот претседател“.- рече граѓанин
Првиот ден од гласањето мина во услови на засилени мерки за безбедност. И покрај тоа загинаа најмалку 11 лица. Претставниците на Муслиманското братство го бојкотираат гласањето.
„Кога дојдов овде имаше пожар и многу чад, а со оглед на моменталната жештина јасно беше дека ќе биде тешко да се стави под контрола“.
За сега нема извештаи за материјална штета. Најголемиот ризик од ширење на пожарот се очекува в петок, кога метеоролозите најавија силни налети на ветер.
Марина Автовска
