Фудбал

Скандал на столетието во ФИФА

02.06.2015 16:17

По апсењата во Цирих, Американското министерство за правда направи претрес во Мајами кадешто е седиштето на КОНКАКАФ, а согласно истрагата ФИФА го исклучи од нејзините структури...

Скандалот во ФИФА се продлабочува и повторно главните негативци се од „преку барата“. Енрике Санс и Николас Леоз се нови жртви на корупцискиот скандал којшто се заканува да ја распадне Светската фудбалска федерација.

По апсењата во Цирих, Американското министерство за правда направи претрес во Мајами кадешто е седиштето на КОНКАКАФ, а согласно истрагата ФИФА го исклучи од нејзините структури, Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Северна и на Средна Америка, Санс кој инаку е Колумбиец.

Истовремено судот во Парагвај изаде налог за апсење на нејзиниот граѓанин Леоз кој до 2013-та дури 27 години беше Претседател на Јужноамериканската конфедерација.