Фудбал
Бенитез три години во Реал Мадрид
02.06.2015 16:17
Договорот е на три години, Бенитез ќе заработува по четири милиони евра по сезона. Бенитез ќе биде само четвртиот тренер во историјата на Реал, роден во Мадрид...

Рафаел Бенитез е нов тренер на Реал Мадрид. Официјална потврда од кралскиот клуб се уште нема, но кога тоа го објавува мадридски весник АС, дилеми нема.
Договорот е на три години, Бенитез ќе заработува по четири милиони евра по сезона. Бенитез ќе биде само четвртиот тренер во историјата на Реал, роден во Мадрид.
Пред 20 години, Рафа беше предводник на Б тимот на Реал, а во Примера се враќа по девет сезони откако со Валенсија двапати беше шпански шампион. Промоцијата најверојатно ќе биде утре.
