Ракомет

Австриецот Божовиќ во Металург

02.06.2015 16:18

Само со конкурентен тим Металург може да ја искористи поканата на ЕХФ за настап во Лигата на шампионите, па прво засилување ќе биде досегашниот десен бек на Брест Мешков, Јанко Божовиќ...

Металург најверојатно нема да биде втор во домашното ракометно првенство и нема да игра во СЕХА лигата, затоа што во еден од утрешните клучни мечеви му е потребно изненадување на Прилеп кај Зомимак, но екипата од Автокоманда веќе размислува за следната сезона.

Само со конкурентен тим Металург може да ја искористи поканата на ЕХФ за настап во Лигата на шампионите, па прво засилување ќе биде досегашниот десен бек на Брест Мешков, Јанко Божовиќ. 29- годишниот австриски репрезентативец со црногорско потекло, изјави дека потпишал двегодишен договор со Металург.