Блатер поднесе оставка
Притиснат пред се од УЕФА којашто најави бојкот, од европските медиуми, па и од јавноста, Блатер сепак предвреме го заврши водењето на ФИФА...

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка. Иако пред само четири дена, по петти пат беше избран за предводник на Светската фудбалска федерација, 79 годишниот Блатер објави дека се повлекува од вредната фунција на којашто мина 17 години.
Притиснат пред се од УЕФА којашто најави бојкот, од европските медиуми, па и од јавноста, Блатер сепак предвреме го заврши водењето на ФИФА. Блатер повтори дека не е виновен за корупцискиот скандал поради којшто се уапсени седумина членови на ФИФА а се најавуваат уште десетина обвиненија.
Швајцаерот кој беше осми претседател вели дека си заминува затоа што ја сака ФИФА којашто е дел од неговиот живот дури 40 години и дека работел и му мислел само добро на фудбалот.
Блатер најави дека нема потреба да се чека до следниот конгрес којшто треба да се одржи во мај 2016-та година во Мексико и го повика Извршниот одбор на ФИФА да свика вонредно изборно собрание. Првите проценки се дека би можело да се одржи меѓу декември оваа и март следната година.
