Ново продолжение на „Монструм“
Во скопскиот кривичен суд и денеска ќе се сослушуваат сведоци за случајот Монструм. Тие веќе еднаш дадоа исказ, но денеска треба да се произнесат околу идентитетот на новообвинетиот во процесот Сами Љута.

Според обвинението, Љута со уште неколку непознати за полицијата лица, пред убиството се шетале на брегот од Смиљковското езеро и собирале податоци за националноста на рибарите и луѓето кои се рекреираат на брегот од езерото и минуваат во тој регион. Обвинителството како извршители ги посочува Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои издржуваат казна во Косово за нелегално поседување оружје.