Јубилејно 30-то издание на „Макфест“

03.06.2015 12:03

Наградниот фонд за ова јубилејно 30-то издание изнесува речиси 30 илјади евра. Првата награда на „Макфест“ носи 10 илјади евра, втората 7.500 и третата награда е во износ од 5.000 евра...

На годинашниов фестивал на забавни мелодии „Макфест“ ќе бидат изведени триесет композиции. Во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип денеска и утре се двете полуфинални вечери, кога ќе настапат 15 изведувачи. Финалната вечер е в петок, кога ќе настапат по девет изведувачи од првата и втората полуфинална вечер.

Наградниот фонд за ова јубилејно 30-то издание изнесува речиси 30 илјади евра. Првата награда на „Макфест“ носи 10 илјади евра, втората 7.500 и третата награда е во износ од 5.000 евра.

Награда ќе биде доделена и за најдобра вокална изведба, потоа награда „Драган Ѓаконовски – Шпато“ која ќе му се додели на најдобриот аранжер.

Ќе има и награди за најдобар дебитант, за најдобар сценски настап, како и признание за најслушана композиција меѓу двата фестивала.