Во Загреб уапсени членови на „Пинк Пантер“
03.06.2015 12:55
Според полициски извори планирале разбојништва во повеќе финансиски институции...

Во Загреб се уапсени шестмина членови на криминалната група „Пинк Пантер“. Биле државјани на Србија, Хрватска и Црна Гора, а според полициски извори планирале разбојништва во повеќе финансиски институции.
При претресот на становите и гаражите што ги користеле членовите на групата, запленети се бомби, големо количество динамит, оружје и муниција.
Освен тоа, откриено е дека групата украла три автомобила што требало да ги користат за кражбите, а потоа да бидат запалени.
Загрепската полиција во изминативе неколку недели интензивно ја следела и ја прислушувала групата.
