Прва литургија во црквата „Свети Константин и Елена“ во Скопје

03.06.2015 14:07

Црквата првпат била изградена во 1927-ма година на плоштадот кај Градскиот трговски центар...

Поглаварот на македонската православна црква – охридска архиепископија господин господин Стефан изутрината одржа света божествена литургија во храмот во изградба „Свети Константин и Елена“.

Православната црква денеска го празнува денот на светите рамноапостолни Царот Константин и Царицата Елена. Црквата првпат била изградена во 1927-ма година на плоштадот кај Градскиот трговски центар.

Во 1963-та година земјотресот оштетил дел од неа, а целосно била урната во 1970-та година. Повторно темелите беа поставени и осветени на 11-ти ноември 2012 година.