Орав: Интересот на граѓаните да се стави над интересите на политичките партии
Евроамбасадорот посочи дека разговорите не биле поврзани со вчерашната средба на еврокомесарот Хан со лидерската четворка...

За надминување на политичката криза важно е да се работи во интерес на граѓаните на земјата и надпартиските интереси - порача евроамбасадорот Аиво Орав во име на дипломатските преставници на земјите членки на Унијата по средбата со премиерот Груевски.
„Важно интересот на граѓаните на земјава да се стави над интересите на политичките партии. Затоа е добредојдена вчерашната конструктивна дискусија меѓу лидерите на главните партии, под покровителство на комесарот Хан. Денеска ги слушнавме ставовите на премиерот за тоа како планира да се справи со сериозните прашања за владеењето на правото и да ја врати довербата во институциите. Ги повикуваме сите главни актери да ги исполнат обврските брзо и со добра волја со цел да се најде одржлив излез од кризата“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.
Евроамбасадорот посочи дека разговорите не биле поврзани со вчерашната средба на еврокомесарот Хан со лидерската четворка. Средбата била планирана подолго време.
