Коцијанчич: Обврските што ги презедоа партиите да се спроведат во добра волја

03.06.2015 15:02

Сите партии се обврзаа најпрво да ги постават интересите на граѓаните и на сите заедници во земјата. Голем број на точки ќе треба да бидат дополнително разработени и договорени во текот на следните неколку дена, изјави за МТВ портпаролот Коцијанчич...

Обврските што ги презедоа партиите во Македонија, во иднина да се спроведат во добра волја, велат од Европската Комисија. Разговорите во Скопје беа конструктивни, изградени врз основа на дијалогот што се одржа во Стразбур пред две недели. Сите партии се обврзаа најпрво да ги постават интересите на граѓаните и на сите заедници во земјата. Голем број на точки ќе треба да бидат дополнително разработени и договорени во текот на следните неколку дена, изјави за МТВ портпаролот Коцијанчич.

„Не би го нарекла тоа транзиционен период, повеќе е состојба во која претстојат предизвици. Ова е ситуација во која сите сме свесни дека постоечката криза мора да се реши, и сите наши напори се во таа насока. Кога станува збор за независното судсво, државата треба да работи на рефомите кои се содржани во поглавјата 23 и 24, а се поврзани со владеењето на правото. Во разговорот сите политички партии потврдија дека се обврзуваат дека ќе ги стават интересите на граѓаните, заедниците и државата на прво место, исто така се обврзаа на евроатланскиот процес на земјата, базиран на зајакнување на  демократските права, меѓуетничките односи и добрососедските односи“, рече Коцијачич.