126 волонтери на битолската Клиничка болница добиjа решенија за вработување

03.06.2015 15:13

Не случајно се вели, надежта последна умира. По волонтирање од пет па се до дваесет и пет години, 126 волонтери на битолската Клиничка болница ги потпишаа решенијата за редовен работен однос. Ги има од возачи и хигиеничарки, па се до медицински сестри и информатичари. Од Клиничката болница велат дека ова ќе придонесе за пружање на постојана здравствена заштита на пациентите...

Долгогодишниот сон на 126-те волонтери при битолската Клиничка болница конечно стана реалност. Како резултат на имплементацијата на владините одлуки тие денеска ги добија решенијата, со кои се претрансформирани од волонтерски во редовен работен однос. Не случајно ракле, надежта последна умира и дека упорноста се исплатува. Ова е ден кој вечно ќе го паметиме, велат овие лица кои просечно волонтирале по над една деценија во ова медицинска установа.

„Решаваме голем проблем, ќе бидиме помотивирани на работните места, а нашите семејста ќе се чувствуваат егзистенцијално посигурно“, вели Елизабета Тошевска.

„Пресреќна сум затоа што ова значи сигурна егзистенција“, вели Талија Лисичковска.

„Ова е изненадување, дури сеуште не ми се верува“, вели Анета Рајкова.

„Ова е добро и за нас и за клиничката болница затоа што ќе се нуди подобра професионална работа“, вели Ветон Изаири.

Ги има од најразлични профили од хигиеничарки, возачи до медицински сестри информатичари и лаборанти. Добивањето на решенијата за кадарот што идосега бече вклучен во секојдневните активности ќе значи повисок степен на професионалност за самата клиничка болица и работата со дел од софистираната опрема која последниве години пристигаше.

„Ова ќе значи подобра можност за организација на работните задачи на повисоко професионално ниво. Од вработените ќе се бара поголема одговорност и професионализам што ќе биде бенифит за пациентите“, вели директорот Василе Најдовски.

Согласно на законските акти 35 проценти од досегашните волонтери уште идниот месец ќе почувствуваат што значи да си на редовен платен список.

Исто толкав процент од декември, а останатите редониот личен доход ќе започнат да го добиваат од септември идната година.

 

Стевче Митревски