Во Маврово за кондиција, во Скопје глазурата

03.06.2015 15:45

„Првото гостување е најважно. Ако успееме да оствариме победа во Естонија, во тој случај ќе имаме големи шанси да го повторниме пласманот од 2014-та“ убеден е Јовица Симовски кој важи за еден од најголемите адути во македонскиот состав...

Полуфиналето минатата сезона стана мерило за годишнатниот настап во Европсклата лига, па македонските одбојари уште отсега ги почнаа подготовките за десетте натпревари во континеталната конкуренција. Првата, инаку кондициска фаза е во Маврово, а на неа пристуствуваат 13 репрезентативци. Естонија и Полска на гости и Израел, Данска и Австрија дома се нашите противници во групната фаза.

„Првото гостување е најважно. Ако успееме да оствариме победа во Естонија, во тој случај ќе имаме големи шанси да го повторниме пласманот од 2014-та“ убеден е Јовица Симовски кој важи за еден од најголемите адути во македонскиот состав.

Никола Ѓорѓиев и Ѓоко Јосифов добија продолжен одмор од селекторот Жарко Ристовски. Националниот тим е составен од одбојкари коишто се познаваат добро и долго време се во црвено-жолтиот дрес. Можеби затоа првичните калкулации се поклопуваат кај сите.

„Би било идеално да ги добиеме сите шест домашни натпревари и да оствариме барем еден триумф на туѓ терен. Тогаш мислам дека ќе ја завршиме работата“, смета Симовски.

Евентуалното полуфинале ќе создаде шанса за подобрување на ланскиот пласман. Тогаш бевме трети, а во златен сет го загубивме полуфиналето со Црна Гора. Македонската одбојка сега се надева на поинаков расплет.