Фудбал СП У20

Португалија втор осминафиналист

03.06.2015 15:48

Колумбија е втора со четири бода затоа што одигра 1:1 со Сенегал. Африканците кои првпат се на големо натпреварување имаа предност од 1:0 со голот на Тиам. До нерешено, коешто би им било доволно за во нокаут фазата и против Португалија во последното коло, Колумбијците стигнаа со пенал - погодокот на Запата...

Додека ФИФА се соочува со скандалот на столетието, светската фудбалска иднина го демонстрира талентот во Нов Зеланд. По САД, фудбалерите на Португалија до 20 години се вторите осминафиналисти на Светското првенство. Португалците веќе обезбедија доволни шест бода во Групата Ц, откако со 4:0 го совладаа дебитантот и азиски шампион Катар. Силва, потоа двапати Иво, како и Вигарио потсетија на крајот на осумдесетите години на минтатиот век и на генарацијата на Фиго којашто беше двоен светски првак.  

Колумбија е втора со четири бода затоа што одигра 1:1 со Сенегал. Африканците кои првпат се на големо натпреварување имаа предност од 1:0 со голот на Тиам. До нерешено, коешто би им било  доволно за во нокаут фазата и против Португалија во последното коло, Колумбијците стигнаа со пенал - погодокот на Запата.

Најкомпликувана е ситацијата во Групата Д бидејќи по второто коло сите репрезентации имаат по три бода. Во најповолна позиција е Србија којашто со триумфот против Мали е лидер и единствена со позитивна гол разлика. Милинковиќ - Савиќ и Мандиќ и овозможија на Србија да може да калкулира со реми во последниот дуел против Мексико, којшто поради поради гол - количникот е последен, иако славеше против Уругвај со 2:1.

Во драматичниот финиш Мексико прв поведе со голот на Лозано. Израмни Суарез, но по прекршокот за втор жолт картон на Кабико во судиското надополнување, Гутиерез од слободен удар го остави КОНКАКАФ шампионот во игра, барем за некое од четирите - трети места коишто исто така обезбедуваат осминафинале.