Ципрас: Атина поднесе компромисен предлог

03.06.2015 16:24

Германскиот министер за финансии Шојбле ја обвини Сириза дека ги залажувала гласачите на изборите...

Грчкиот премиер Ципрас апелираше за единство и реалност пред клучната средба во Брисел со претседателите на Европската комисија и на Еврозоната. Вели дека Атина поднела компромисен предлог кој треба да им стави крај на сценаријата за можен „Грегзит“.

„До сега не сме добиле никаков коментар за нашиот предлог или некој друг документ од партнерските институции“, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

Германскиот министер за финансии Шојбле ја обвини Сириза дека ги залажувала гласачите на изборите со ветувањето дека ќе можат да останат во еврозоната без да мораат да се соочат со големи реформи.