Топ 10-тката сеуште сигурно гази
Трет ден Австралија опен, прв годинешен тениски грен слем, второ коло. И по второто истрчување на терените во Мелбурн парк на фаворитите изненадувања нема, барем меѓу 10-те. Елиминација доживеаа 15-тиот и 15-тата Јужни и Лисицки.
Час 45 минути, 3:0 со отстапени 8 гема беа доволни бранителот на Австралискиот трофеј Новак Ѓоковиќ, да го врати во Аргентина Леонардо Мајер 98-мо рангираниот тенисер.

Третиот турнирски рекет Ферер мораше да одигра 4 сета со французинот Манари за трет круг. Затоа пак седмицата на Бердих му ја донесе носечката улога во мечот со Шепер преку кој за час и пол си ја заврши работата во три сета. Вавринка си направи од готово вересија, по водството од 2:0 и 5:3 во третиот сет се доведе во ситуација преку четвртиот да брка и обезбеди трето турнирско појавување. Гаске почна тешко против Давиденко за во текот на мечот се соземе и го оправда 9-тиот турнирски број.
Првата топ 10-ка во Мелбурн и каи дамите не дозволи никои да им ги помати есапите, па така, рекетот број еден Серена Вилијамс кратко и јасно со препуштени само три гема на србинката Долонц патем 104-та во WTA ранкингот обезбеди трето коло. И На Ли 4-титот рекет беше сигурна во својот настап против швајцарката Бенчич иако по експресните први 6:0, за вторите со поголем вложен труд обезбеди понатамошен престој. И германката Кербер имаше убедливо претставување во втората рунда против русинката Кудриавцева.
Утре на програмата во Мелбурн втората тура во второ коло.