Ципрас: На повидок е решение за грчкиот долг

04.06.2015 11:30

Како позитивна ја оценија и претседателите на Еврогрупата и на Европската комисија, Дијселблом и Јункер, најавувајќи дека разговорите ќе продолжат за неколку дена...

На повидок е решение за грчкиот долг, изјави грчкиот премиер Ципрас по средбата во Брисел, додавајќи дека Атина сепак отфрлила некои предлози на кредиторите.

Како позитивна ја оценија и претседателите на Еврогрупата и на Европската комисија, Дијселблом и Јункер, најавувајќи дека разговорите ќе продолжат за неколку дена.

Главната спорна точка била буџетската разлика меѓу приходите од даноци и јавното трошење, за која Грција инсистира, а веројатно кредиторите ќе се согласат да биде пониска.