„Пју“: Европејците го менуваат ставот кон ЕУ

04.06.2015 11:43

По заздравувањето на економијата – тие од југот и се понаклонети, но затоа Германците имаат полош став...

Европејците го менуваат ставот кон Европската Унија по заздравувањето на економијата – тие од југот и се понаклонети, но затоа Германците имаат полош став.

Институтот „Пју“ од Вашингтон го испитувал јавното мислење во шесте најголеми земји.

Вербата во заедничкиот пазар и во еврото како заедничка валута се зголемила во Шпанија и во Италија, останала на исто ниво во Франција, Велика Британија и Полска, но се намалила меѓу Германците, кои сметаат дека нивната економија може да опстане и сама.