Презентирана програмата „Хоризонт 2020“

04.06.2015 12:48

За наредните шест години програмата располага со буџет од над 70 милијарди евра и е отворена за учество на широк спектар на организации и индивидуални истражувачи...

Презентација на рамковната програма за истражување и иновации „Хоризонт 2020“. Ова е финансиски инструмент на Унијата за повисок економски раст, креирање нови работни места и зголемена конкурентност.

За наредните шест години програмата располага со буџет од над 70 милијарди евра и е отворена за учество на широк спектар на организации и индивидуални истражувачи.

„Можностите се за финансирање на подготвителни проекти, до 50 илијади евра. Проектите за истражување и развој и развојни иновации можат да одат до пет милиони евра, зависно од повикот“, рече Јасмина Поповска, директор на Фондот за  за иновации и технолошки развој.

Петар Моѓороши од Унгарија, оперативен советник за работењето на Фондот и експерт во иновациски менаџмент вели дека за да се искористат овие средства, фирмите треба добро да се поготват, да ги разберат правилата на игра, да посветат време и труд на изработка на еден сериозен план и на еден сериозен проект.

Деканот на Факултет за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, информира дека тројца професори од факултетот добиле  грант за формирање на старт-ап компанија, и дека за кратко време ќе аплицираат за некоја од програмите на „Хоризонт 2020“.