Електронски увид во податоците за стаж
51 илјада и 500-ни осигуреници досега ги корегирале и докомплетирале податоците што Фондот ги испратил до вработените преку фирмите...

Граѓаните ќе имаат право на бесплатен пристап до податоците за стажот на пензиско осигурување преку интернет. Проектот го реализираа Министерството за труд и Фондот за пензиско осигурување.
Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, овој е во насока на поголема информираност на граѓаните за состојбата со нивниот пензиски стаж, со што ќе имаат можност навремено да реагираат доколку тој не им е впишан за одреден период за кој работеле, пред 2009 година од кога почна интегрираната наплата на придонесите.
51 илјада и 500-ни осигуреници досега ги корегирале и докомплетирале податоците што Фондот ги испратил до вработените преку фирмите.
Со воспоставувањето на оваа нова услуга за електронски увид на податоците, покрај тоа што ќе се избегнат турканиците на шалтерите, ќе им се овозможи на граѓаните 24 часовен пристап до податоците.
