Домашни месни и млечни производи на рускиот пазар

04.06.2015 13:15

За извоз се заинтересирани 12-тина компании, кои ќе треба да ги исполнат стандардите утврдени во Меморандумот за соработка...

Русија ги отвора вратите за македонските месни и млечни производи. Квалитетот е на прво место. За извоз се заинтересирани 12-тина компании, кои ќе треба да ги исполнат стандардите утврдени во Меморандумот за соработка.

Со Меморандумот на техничко ниво треба да се регулираат ветеринарните и фитосанитарните услови и барања за домашните оператори за храна кои сакаат да извезуваат во Русија, за што се преговара подолго време. Заинтересираните фирми за извоз ќе бидат подложени на инспекција од комисија од Руската федерација, кон крајот на август или почетокот на септември годинава.

Очекувањата се првите производи да бидат извезени до крајот на годинава.