Епидемија: Вирусот МЕРС ги затвори училиштата во Јужна Кореја

04.06.2015 13:20

Бројот на луѓе во карантин се искачи на над 1.600, откако трет човек почина од коронавирусот што го добил од пациент со кого делел соба, а уште петмина се тестирани како позитивни...

Над 700 училишта и 150 во Јужна Кореја ги суспендираа часовите поради страв од вирусот МЕРС. Бројот на луѓе во карантин се искачи на над 1.600, откако трет човек почина од коронавирусот што го добил од пациент со кого делел соба, а уште петмина се тестирани како позитивни.

„Родителите се јавуваа да прашаат. Решивме да затвориме за да ја смириме загриженоста“, изјави директор на училиште.

Ова е најголемата епидемија на МЕРС е карактеристичен за Средниот Исток, откако се појави во Саудиска Арабија во 2012 година. За сега се уште е во границите на тие што биле во контакт со првиот заболен, но властите се обидуваат да ја смират се поголемата загриженост во јавноста.