Во Италија уапсени 44 лица осомничени за корупција
04.06.2015 14:13
Групата се занимавала со широк криминал – мигранти, мито и местење избори...

44 луѓе се уапсени во повеќе региони во Италија, во вториот дел од истрагата Средна Земја. Групата се занимавала со широк криминал – мигранти, мито и местење избори.
Групата ги поврзувала мигрантите што имале потреба од итни служби со кооперативи кои во замена за бизнисот плаќале мито и вработувале луѓе кои гласале за одредени политичари.
Карабињерите во декември уапсија 37 луѓе во првиот дел од акцијата.
