Тодоров: Најзадоволни пациентите во Крушево, Кичево и Македонски Брод
Министерот за здравство, Никола Тодоров информираше дека овие резултати покажуваат дека пациентите се генерално задоволни од односот на целокупниот кадар во установите како и дека има високо ниво на хоспитална култура...

Спроведено е истражување колку граѓаните се задоволни од услугите во здравствените институции. Најдобри резултати покажале здравствените домови во Крушево, Кичево, Македонски Брод и Кичевската општа болница.
Министерот за здравство, Никола Тодоров информираше дека овие резултати покажуваат дека пациентите се генерално задоволни од односот на целокупниот кадар во установите како и дека има високо ниво на хоспитална култура.
За квалитетот на болничката нега пружена од докторите и персоналот сите пациенти биле целосно задоволни во вкупно 15 клиники и 5 болници, додека најмногу незадоволни пациенти од квалитетот на болничка нега од лекари има во Клиничката болница Битола и Клиника за токсикологија и најмногу незадоволни пациенти од персоналот има во Општа Болница Кочани и Клиниката за гастроентерохепатологија.
Директорите на установите каде е забележано поголемо незадоволство ќе добијат опомена. Таргетирани биле 21 универзитетска клиника, 15 болници и 32 здравствени домови.
