Хоризонт 2020: Можности за финансирање иновации
На располагање се вкупно 70 милијарди евра од пограмата „Хоризонт 2020“ на Европската Унија, достапни преку Фондот за иновации...

Бизнисмени, експерти и академската јавност слушнаа за можностите за финансирање иновации и истражувања. Може да аплицираат со проекти до 50 илјади евра. На располагање се вкупно 70 милијарди евра од пограмата „Хоризонт 2020“ на Европската Унија, достапни преку Фондот за иновации.
„Можностите се за финансирање на подготвителни проекти, до 50 илијади евра. Проектите за истражување и развој и развојни иновации можат да одат до пет милиони евра, зависно од повикот“, изјави директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмна Поповска.
За да добијат пари фирмите и истражувачите треба прво да подготват физибилити студија, за која може да добијат околу 50 илјади евра. Експерти од Унгарија советуваат – развој на иновативниот продукт може да им донесе на компаниите од половина милион до пет милиони евра. Откако развиениот производ ќе стигне до пазарот, иноваторите добиваат и советодавни услуги.
„За да се искористат овие средства, фирмите треба добро да се подготват, да ги разберат правилата на игра, да посветат време и труд на изработка на еден сериозен план и на еден сериозен проект“, вели Петар Моѓороши- експерт од Унгарија.
Електротехничкиот факултет веќе има искуства со два проекта за енергетска ефикасност.
„Еден од грантовите кој го додели Фондот за иновации од 16 гранта за старт-ап комапнии е на нашиот факултет. Тројца наши професори добија грант за формирање на старт-ап компанија, која во наредниот период ќе ја формираме и ќе се обидеме да заживее“, вели деканот на ФЕИТ, Миле Станковски.
Рамковната програма за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ е финансиски инструмент на Европската Унијата за повисок економски раст, Креирање нови работни места и зголемена конкурентност.
Викторија Тодоровска
