Детска радост на зимски одмор
Горан Талески од прилепското село Ропотово се петчлена фамилија.Тој и неговата сопруга не се вработени, живеат само од производство на тутун. Талески ги испрати 2-те свои дечиња на бесплатен зимски одмор, кој го озвозможува Владата за социјално ранливите категории. Ова е втор пат како неговите деца ја користат оваа програма.
„На оваа сиромаштија е успех за децата за да излезат некаде и за да прошетаат, ние се занимаваме само со тутун и немаме услови да ги пуштиме сами да одат“, рече Горан Талески, родител.

„Ние си поминуваме многу убаво, играме вежбаме, во летото не носеа и на плажа“, вели Николина Талеска, дете корисник на бесплатниот одмор.
И другите родители најпозитивно ја оценуваат оваа владина програма.
„Мислам дека е многу во ред да му се помогне на некои фамилии кои стварно немаат пари сами да ги пуштат децата на одмор“, кажа Виолета Михајловиќ, родител.
„Тоа е добро затоа што некои родители навистина не можат да си дозволат одмор“, вели Анкица Змејкоска, родител.
Некои од дечињата одат за прв на ваков одмор, а некои биле и претходно.
Прилеп е лидер помеѓу градовите кои ја користат оваа програма, само за овој зимски бесплатен одмор од Прилеп се испартени над 80 деца.
За децата со посебни потреби платено е сместување и за еден од нивните родители.
„Ова се деца на корисници на права кои можеби никогаш доколку не е оваа програма не можат да си дозволат да ги пратат своите деца на одмор, а децата исто така на овие одмори имаат добра социјализација и дружење“, изјави Зоран Малкоски, Центар за социјална работа Прилеп.
Овие бесплатни одмори ги користат децата од 5 до 8 одделение.
Дарко Штаргоски-дописник на МРТ од Прилеп
Снимател: Илчо Димески