На тема „Есејот и Градот“ во Струга продлжува деветтото издание на „Година на есејот“

04.06.2015 16:18

Со полагање свежо цвеќе и со разговори поврзани со „Зборникот“ на Браќата Миладиновци денеска во Струга продолжи деветтото издание на меѓународната манифестација „Година на есејот“. Оваа година ќе бидат одбележани 154 години од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци од неговото издавање како и 200 години од раѓањто на Јосип Јуреј Штросмаер.

Поезијата во струшко-охридскиот регион ја има во преку 20 манифестации, додека на есејот како запоставена форма но сепак широко присутен во секојдневието во литературата, треба да му се даде повеќе внимание.

Годинешниот победник на оваа престижна награда на Медитеранската академија е Петар Андасаров која вели дека е посебно почестен што ја добива оваа награда.

„Чувството е е неизмерно и голема чесст за мене претставува оваа награда која сметам дека е од Европски карактер. Јас имам кажано неколку свои думи во мојата кариера за Браќата Миладиновци за кои мислам дека имаат направено многу за оваа мудра земја“, рече бугарскиот писател лауреат на медитеранската академија, Петар Андасаров.

Сите писатели и присутни гости на Медитеранската академија во Струга сметаат дека ова е голем ден и празник за Македонската култура.

Оваа Медитеранска академија се одржува 9 години по ред во градот на поезијата а основата на оваа манифестација лежи во годишнината од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци кој оваа година слави 154 години од неговото издавање како и 200 години од раѓањто на Јосип Јуреј Штросмаер.

 

Јованчо Наумоски