Екстерното тестирање се реализира без проблеми
Од ресорното министерство ги демантираат дел од натписи во медумите посветени на прашањата за екстерното тестирање...

Над 43.000 основци и средношколци денеска беа екстерно тестирани. Од Министерството за образование информираат дека оценувањето се реализира непречено. До 12 часот процесот е целосно заокружен во 103 училишта. До овој момент немало пријави какви било проблеми.
Од ресорното министерство ги демантираат дел од натписи во медумите посветени на прашањата за екстерното тестирање. Оттаму апелираат на понатамошна коректност во информирањето и елиминирање на сите обиди за нивно квалификување како нелогични и несоодветни за учениците на одредена возраст.
Би сакале да информираме дека сите прашања коишто се дел од процесот на екстерното тестирање се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели. Истите се прилагодени на возраста на учениците и развојните карактеристики на соодветната возраст, стои во соопштението од МОН.
Со екстерното тестирање се опфатени околу 180.000 ученици, оценувањето ќе трае до 10 јуни .
