Градежна експанзија во Битола
Старата битолска касарна наликува на вистинско градилиште. Во првата градежна фаза работа имаат осум градежни компанија. Веќе се готови три колективни згради, а уште осум се во завршна фаза. Брзата динамика создава хиперпродукција на станови...

Отварањето на урбанистичките планови во старата касарна ја раздвижија градежната оператива, но несоодветната димензионираност според потребите на градот веќе создава хиперптодукција на станови. Иако цените се движат од 650 до 750 евра по квадрат за полуксузните станови, продожбата оди со половична динамика.
Градежниците велат дека има сеуште простор за пофлексибилни цени доколку се влијае на некои параметри.
„Можноста ја гледам во намалување на цената на локациите затоа што и тоа влијае во цената на формирањето на цената на становите, а значаен фактор е и ангажирање на оперативни фирми кои комуналните услуги ќе ги завршат квалитетно и за пониски цени од актуелните“, вели директорот на ГП „Пелистер“, Силјан Мицевски.
Нема сомнение дека Битола има капацитет да создаде услови за изградба на една елитна населба која може да смести окулу пет илјади жители, меѓутоа
сложените материјални услови го наметнуваат проблемот на претпазливост и кај граѓаните.
„Уште од мојата млдост тоа беше атрактивно место. Кога би ми дозволувале финансиските услови радо би живеел таму“, вели битолчанецот Васо Радивојевиќ.
„Отсекогаш постоел интерс за тие локации, но сега таква е економската состојба“, вели неговиот сограѓанин Димче Јордановски.
И покрај актуелните состојби од локалната самоуправа не отстапуваат од динамиката на капиталниоит проект. Со кредитот од два и пол милиони евра кон кралот на летото ќе ја започнат вторета фаза од комуналното уредување.
„Тоа ќе значи решавање на едно големо прашање по кое на останатите инвеститори ќе им остане само да се приклучат на мрежата“, вели битолскиот градоначалник, Владимир Талевски.
Оваа населба ја прави посебна и тоа што за разлика од другите концепсиски предвидува многу содржини кои се дел и од културниот и образовниот развој на градот.
Стевче Митревски
