Позитивни резултати од проектот „Македонија вработува“
Надлежните велат се вработуваат профили на кадри и од другите категории активни баратели на работа. Се намалува невработеноста, се раздвижува економијата, оценуваат во владата...

За само три дена преку проектот „Македонија Вработува“ се реализирани 200 нови вработувања. До сега вкупно се искреирани повеќе од 1.430 работни места. Младите до 35 години се најбараната работна сила на пазарот на труд.
Надлежните велат се вработуваат профили на кадри и од другите категории активни баратели на работа. Се намалува невработеноста, се раздвижува економијата, оценуваат во владата.
„Имаме вработување на лица кои што се со основно, средно и со високо образование, па дури ангажман на магистри и доктори на науки кои што се вработуваат по однос на овој закон. Се разбира дека најголем број вработувањата се во Скопје, но имаме значителен број на вработувања и во останатите градови на внатрешноста што значи дека законот, поволностите, мерките се добро проектирани и даваат позитивни резултати“, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Според проектот, компаниите кои ќе вработат нов кадар се ослободени од плаќање предонеси и персонален данок од 3 до 5 години. На годишно ниво заштедите за компаниите се пресметуваат и до 2.000 евра.
Андријана Атанасовска
