Нови светски класици на македонски јазик

04.06.2015 16:44

Промовирани уште 32 нови книги од вкупно објавените 440 томoви на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“. Читателите добиваат можност да се запознаат со уште неколку врвни дела на најголемите умови во светот на книжевноста...

Највредните остварувања од светската книжевност ќе се читаат на македонски јазик. Промовирани уште 32 нови книги од вкупно објавените 440 томoви на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“. Читателите добиваат можност да се запознаат со уште неколку врвни дела на најголемите умови во светот на книжевноста.

Од времето кога овие автори твореле, поминале над 500 години, а дури сега нивните дела се појавуваат во земјава. Доказ за тоа колку има пропуштено нашата култура, но и тежината на оваа едиција. Големината на овие дела е вечна инспирација за многу љубители на книгата  низ светот. Затоа, тие се дел и од нашиот проект, рече премиерот Груевски.

Од 2006-та година, до денеска, објавени се преку 4.200 изданија на македонски јазик. Министерството за култура откупи и преку 47.000 публикации со кои се збогати библиотечниот фонд на институциите низ државава.

 

Александра Перевска