Рациново признание за романот „Бледи сенки“ на Димитрие Дурацовски

04.06.2015 18:27

Димитрие Дурацовски со романот „Бледи Сенки“ е добитник на нависокото Рациново признание. Жири комисијата едногласно ја донела одлуката, наградата да ја додели на Дурацовски, бидејќи романот кој е сплет на повеќе жанрови се издвојувал од останатите пристигнати дела...

Писателот Димитрие Дурацовски со романот „Бледи сенки“ е добитник на годинешното Рациново признание. Романот кој е сплет на повеќе жанрови прикажува настани од колективно минато во кое секој може да се препознае.

Во конкуренција за највисоката награда на оваа манифестација беа седум дела.

Романот „Мостот на копнежи“ на Сузана Мицева и ја донесе наградата за поети дебитанти насловена како „Антологија на болката“.

За афирмација на македонскиот јазик и литература, Олга Панкина го добива почесното Рациново признание, кое годинава патува во Русија.

52-те Рацинови средби гоидинава ќе се одржат на 11-ти и 12-ти јуни, во Велес.

 

 

Дијана Иванова