Грција не ги прифати барањата на кредиторите
Го извести ММФ дека ја одложува исплатата на ратата од 300 милиони евра. Наместо тоа ќе ги плати одеднаш сите четири во вкупна вредност од 1,5 милијарди...

Грција не ги прифати барањата на кредиторите и го извести ММФ дека ја одложува исплатата на ратата од 300 милиони евра. Наместо тоа ќе ги плати одеднаш сите четири во вкупна вредност од 1,5 милијарди.
„Објективно, имаме рок за договор до 30-ти јуни, бидејќи тогаш истекува продолжувањето на договорот за заемот со кредиторите“, изјави Јанис Варуфакис, министер за финансии на Грција.
Според дел од експертите, одложувањето може да биде преговарачка тактика со која Атина сака да го зголеми притисокот врз кредиторите. Денеска е закажана нова средба за надминување на се уште големите разлики, но премиерот Ципрас веројатно, наместо да се врати во Брисел, ќе поднесе извештај пред грчкиот парламент.
