Финале Лига на шампиони Барселона - Јувентус

Барса импресивна, моќна, но и претпазлива

05.06.2015 12:09

Меси е свесен дека нема да биде едноставно да се совлада Јуве, којшто според него е непријатен и цврст противник, но вели дека Барселона е подготвена и знае како да победува во ваквите дуели. Дури осум фудбалери беа дел од шампионското финале во 2011-та...

Иако во фудбалот не значат ништо, бројките соодветно ја следат Барселона во една од најдобрите сезони во клупската историја. Со евентуален триумф против Јувентус во елитното финале, Барса би била единствената екипа што двапати освоила три трофеи во иста сезона, тоа каталонците го направија 2009-та. Во седумте досегашни големи финалиња, Барселона четирипати го освојуваше пехарот, но трите порази ги принудуваат  нејзините фудбалери да го респектираат противникот и да не дозволат оптимизмот да прејде во еуфорија.

Меси е свесен дека нема да биде едноставно да се совлада Јуве, којшто според него е непријатен и цврст противник, но вели дека Барселона е подготвена и знае како да победува во ваквите дуели. Дури осум фудбалери беа дел од шампионското финале во 2011-та.

И Маскерано е претпазлив, па изјави дека нема недопирливи екипи, па не е тоа ниту Барселона.

Се кај Јувентус го загрижува Луси Енрике кој смета дека нема подобро организирани во дефанзивата од Италијанците и дека за успех, неговите фубалери ќе мора да му го затворат просторот на Пирло. Тренерот на Барса кој како играч двапати беше елиминиран од старата дама во четвртфиналето, ужива во моментот, н и го знае начинот за триумф, а тоа е да го одиграат најдобриот натпревар сезонава, да бидат агресивни и што подолго да ја контролираат топката.

Внимателноста на шпанскиот првак изгледа премногу во однос на тоа каква моќ демонстрира статистиката. Иако и требаа четири години за пак да игра во финалето, Барса е импресивна сезонава, особено во 2015-та кога оствари 30 победи и само по двапати ремизираше и загуби со дури 104 постигнати и 23 примени гола.

Силата на Барселона  е во тоа што сите играчи ја знаат и максимално ја одработуваат својата обрска, но ефектот на напаѓачкото трио е неверојатен. Меси, Неимар и Суарез постигнаа рекордни во една сезона 120 гола коишто ги зачинија со 55 асистенции. Дури 25 од 28-те погодоци на Барса во Лигата на шампионите се на јужноамериканската тројка, сите пет во полуфиналето против Баерн се дело на Аргентинецот и на Бразилецот. Меси и Кристијано Роналдо со по 10 гола се најдобри стрелци, Неимар има девет, Суарез шест. Волшебникот Меси има можност да биде првиот што постигнал три гола во финалињата.

Но бројките не играат, во Барса се најзадоволни и среќни што сезонава презентираат фудбал најблиску до оној што го замисливи и им го остави во аманет во деведесетите години на минатиот век, креаторот на сегашниот, и атрактивен и ефективен стил, легендарниот Јохан Кројф.

 

Од Берлин за Македонската телевизија, Горан Стерјов