Кинески хакери осомничени за упад во системот на американската влада

05.06.2015 12:28

Ги украле личните податоци на најмалку 4 милиони сегашни и поранешни федерални вработени...

Кинески хакери се осомничени за голем упад во компјутерскиот систем на владата на САД. Ги украле личните податоци на најмалку 4 милиони сегашни и поранешни федерални вработени.

Кинеската амбасада во Вашингтон предупреди да не се избрзува со заклучоците. Властите најмногу стравуваат од кражба на информациите од безбедносните пропусници, а на вработените им понудија осигурување против кражба на идентитетот.