Обама ќе бара од европските лидери да не попуштаа со санкциите против Русија

05.06.2015 12:38

Канадскиот премиер Стивен Харпер, пак, побара да не се дозволи Русија да се врати во Г-7 се додека е Путин претседател. Ова е втора година по ред како руските потези во Украина фрлаат сенка на самитот што овојпат се одржува во Германија...

Претседателот на САД Барак Обама планира за време на самитот на земјите од Г-7 групата да апелира до европските лидери да не попуштаат со санкциите против Русија.

Канадскиот премиер Стивен Харпер, пак, побара да не се дозволи Русија да се врати во Г-7 се додека е Путин претседател. Ова е втора година по ред како руските потези во Украина фрлаат сенка на самитот што овојпат се одржува во Германија.

Лани лидерите го исфрлија Путин од групата во знак на протест поради кризата во која до сега загинаа над 6.400 луѓе. Европските лидери ова лето мора да одлучат дали ќе ги прошират санкциите, но според експертите, освен ако не дојде до значителна ескалација, и САД и Европската Унија немаат гоема желба за построги казни.